И докторите не беа оптимисти, но родителите не се откажуваа и Јован по 4 години во длабока кома се разбуди.
12 годишниот Јован од струшко Мислешево е вистински херој.
Во сторијата која ја пренесува Вест во утрешниот број, пишува дека малиот Јован благодарение на вербата на неговите родители кои бдееле над него цели 4 години, денеска е жив и добро напредува.
Тој може да пишува и сам да си ги извршува сите потреби, но поради 4 годишната кома, сеуште не може да зборува.
Тој во 2008 со висока температура и силни грчеви како итен случај бил префрлен во болница. Лекарите до ден денеска не можат да постават дијагноза.
Целата ексклузивна сторија на весникот Вест во утрешниот број
Извор прес24 / ФОТО: Вест