На тинејџер од Кина, Ванг Пенгеј (16) му израснале два песјаци поради кои наликува на вампир. Момчето кое било предвремено родено уште од самиот почеток имало проблеми со косата и забите.
– Речиси да немаше коса во првите неколку месеци од неговото раѓање, забите, односно овие два кои ги има, му израснаа доцна. – објаснува мајката на момчето.
Според лекарите ова е решлив проблем, но дури кога тој ќе порасне. Истакнуваат дека Вагн е премлад за операција. Целиот зафат чини околу 7.000 долари.
– Ванг е многу повлечен и нема пријатели. На училиште го задеваат поради забите, а тоа многу влијае врз неговата самодоверба. – вели загрижената мајка и додава дека момчето често избегнува да се фотографира.