Авион на авиокомпанијата “Easyjet” требало да се лета од Ливерпул до Женева, , но помеѓу патниците имало повеќе мажи отколку жени и авионот бил премногу тежок па авионот не можел да полета со таа тежина, пишува весникот “Independent”
Екипажот тогаш замолил четворица мажи да се симнат од авионот за да се дојде до дозволената тежина. Им дале 120 евра како оштета.
За тежината на самите патници, авиокомпаниите најчесто пресметуваат 88 килограми за мажите, 70 килограми за жените и 35 килограми за децата.
“Во овој случај, во авионот се наоѓаа 135 мажи и само 19 жени, што е навистина необична ситуација”, наведуваат претставниците од “Easyjet”.