Клуч на врата за непријавените работници. Високи казни ако газдите даваат бланко откази. – сето ова е предвидено во новите измени на законот.
Министерот Спиро Ристовски вели ако се затекнат на работа до две непријавени лица газдата ќе мора да плати по 1000 евра казна за секој и да ги вработи во рок од 8 дена.
Фирмите што ќе добијат забрана за работа поради непријавен работник, не смее да отпушти ниту еден од вработените и ќе има обврска да им исплаќа 70 проценти од последната плата.
Доколку се најдат три или повеќе непријавени работници мандатни казни нема да има, туку објектот веднаш ќе биде затворен изјави министерот за труд и социјална политика, изјави Ристовски.
Бланко отказите веќе нема да постојат. Нема да има можност да се допишува само датумот туку работодавачот и работникот ќе имаат обврска комплетно своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанок на работниот однос.