Никол Фалкингем (41), сопруга на британскиот милионер Џонатан Фалкингем (50), генерален директор на компанијата „Урбан сплеш“, била најдена мртва во автомобил, на патот што води до куќата на нејзината пријателка во Ливерпул.
Никол во јануари го променила својот статус на Фејсбук во „слободна“, а на пријателите со кои ја минала кобната вечер им признала дека води голема бракоразводна битка и се надева на убава пресуда. Двојката некое време живеела одвоено.
Според првичните докази, смртта на Фалкингем настанала поради замрзнување и труење со алкохол, иако точните околности треба да бидат разјаснети.
Пријателите, на чиј посед е најдено телото, биле уапсени поради одгледување на канабис, а во меѓувреме се пуштени со кауција.
Според зборовите на лицата што во кобната вечер биле присутни во барот „Винси“ во Ливерпул, госпоѓата Фалкингем во добро расположение пиела со четворица пријатели.
Но, откако друштвото испразнило неколку шишиња вино, нејзината состојба се променила.
,,Сум видел многу луѓе како пијат, но никогаш не сум бил сведок на таква промена,, изјави шанкерот.
Откако се обидел да разговара со неа и да види дали е добро, тој забележал дека таа не е во состојба да зборува и се јавил во полиција, но од таму бил советуван да повика Брза помош.
Пред да го стори тоа, Никол ја собрале нејзините пријатели и ја однеле со нив. Следното утро таа била најдена мртва на задното седиште од автомобилот на нејзиниот пријател.
АДВОКАТ НА ЃАВОЛОТ – ЈА ПЛАТИЛ СВАДБАТА НА ЦЕЦА, ГИ БРАНЕЛ МИЛОШЕВИЌ, САДАМ…
ЈАЈЦА ОД ВОНЗЕМЈАНИ? – РОЗЕВИ, ВОДЕНИ, ЖЕЛЕ ТОПЧИЊА СРЕДЕ ПУСТИНА СЕ МИСТЕРИЈА (ВИДЕО)