Министерството за внатрешни работи на Бугарија, објави фотографии на потенцијалниот бомбаш, што изврши напад врз автобус полн со израелски туристи на паркингот на аеродромот во Бургас.
Мажот кој е осомничен носел бермуди, ранец и капче, користел и фалсификат документ, возачка дозвола од Американската држава Мичиген, соопшти бугарскиот министер за внатрешни Цветан Цветанов
МВР – на Бугарија ги повика граѓаните доколку имаат било каква информација за лицето да се обратат во најблиската полициска станица.