Само еден лекар во Македонија издржува затворска казна поради лекарска грешка. Се работи за гинеколог што не успеа да запре крвавење на родилка што почина. На лекарот му се судеше и беше проогласен за виновен, за што му беше изречена затворска казна од една година, Пишува Нова Македонија.
Алармантна беше 2010 година, кога починаа осум родилки. За сите случаи беа формирани комисии, кои ги истражуваа причините за смртта. Кај ниту еден лекар не беше утврдена одговорност.
Многу семејства излегуваа и јавно бараа истрага за смрт на неколку деца, но сѐ уште нема никаков абер од истрагата. Најмногу внимание во јавноста предизвика судење на лекари за смрт од залутан куршум на девојка на новогодишна вечер. Тројца лекари ја лекуваа, но никој не го најде зрното.
Судот ослободи двајца, а едниот доби условна казна. Пресудата е правосилна.