Десетгодишно девојче било изедено од страна на крокодил во Индонезија, пренесува АП.
Немилиот настан се случил во провинцијата Нусантегара, место каде што девојчето дошло со нејзиниот татко и постаро братче да бараат желки. Нејзиното семејство се наоѓало на само десеттина метри и било беспомошно да направи било што.
Локалните жители предупредуваат дека ова не е првпат да се случи вакво нешто. Селаните кои живеат во близина на реката велат дека пред еден месец на истото место се случило крокодил да проголта и момче, а претходно пријавиле и исчезнување на добиток.