Научниците измислија направа која со звук гаси оган – Видео


Замислете нова технологија која што со помош на звучни бранови може да гасне пожари. Ова им успеа на луѓето од Американската агенција за развој на новите технологии.

Овој револуционерен изум би можел во целост да го промени начинот на кој што досега работеле и се обучувале пожарникарите.

Досега пожарникарите немаат некаков напредок во гасењето на пожарите и во последните педесетина години начинот на нивната работа не е променет. Но, DARPA ја претстави својата нова технологија на гасење на пожар со помош на одредени звучни фреквенции. Ваквиот револуционерен начин познат и по името „акустично гасење пожар“ работи на принцип со два звучници кои се насочени еден спроти друг кон оганот. Ова има два ефекта, од една страна го намалува воздухот околу огинот, а со тоа се проретчува самиот оганот, и од друга страна го забрзува испарувањето на запаленото гориво. Со овие два ефекта може да се изгасни оган.

Технологијата се уште се испитува, а докажано е дека може да изгасне само запалени течни горива. Сепак бара најмалку два звучника кои треба да бидат поставени еден наспроти друг од страна на оганот.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1