Властите во Бугарија и Шведска ги немантираа пишувањата а медиумите дека атентаторот од Бургас, кој го изврши терористичкиот акт врз израелските туристи е 36 годишниот Мехди Гезали, шведски државјанин со алжирско потекло.
Претходно Израел за нападот во Бургас го обвини шиитското движење Хезболах, за кого вели дека е „долгата рака на Иран“.
Хезболах пак ги демантираше ваквите обвинувања и истакна дека тие не војуваат против туристи, а за Иран пак ваквите обвинувања се неосновани.
Денеска семејствата на загинатите Израелци се собраа на Меѓународниот аеродром во Тел Авив за да ги дочекаат останките од своите најблиски.