Алармантно расте бројот на жени жртви на семејно насилство во Македонија. Според статистиката секоја четврта жена во земјава е тепана, а секоја десетта е сексуално малтретирана.
Денеска во градскиот парк под мотото „101 роза со љубов“ се најави кампања „Здружени против семејното насилство и насилството врз жената“ која ќе има за цел да ја подигне свеста во земјава и да им помогне на жртвите да го пријават насилникот. На манифестацијата со рози им беше изразена поддршка на жртвите.
Кампањата е во организација на жени на Град Скопје и Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство.
На СОС линијата за борба против семејното насилство, има зголемен број на јавувања.