Порталот Либертас објави фотографии од макетата за изгледот на споменикот на Мајка Тереза кој ќе се гради на плоштадот Македонија.
Споменикот на Мајка Тереза кој ќе се издигне неколку чекори од „Воинот на коњ“ ќе биде висок 32 метри, а ќе почне да се гради по завршувањето на хотелот „Мериот“. Инвестицијата е донација на индискиот милијардер и претседател на групацијата „Сахара Индија Паривар“, Субрата Рој, контроверзен бизнисмен и име за кое се поврзани бројни финансиски афери.
Фото – Либертас