Имате 2 пасоши – Со новото картонче на МВР може да излезете од Македонија со странски пасош


Македонските државјани кој имаат престој во странска земја подолг од 3 месеци и кој имаат пасош од странска држава отсега ќе можат земјата да ја напуштат и со странскиот пасош, што не беше случај досега.

Имено доколку државјанин на Македонија има пасош од друга земја досега неможеше со него да излезе од државата туку мораше да го употреби македонскиот пасош. Ова направи збрка кај нашите иселеници и лица кој живеат и работат во странство. Најголем проблем беа визите за некои земји. Доколку лицата ги добиле визите во странскиот пасош, а излегуваат од Македонија имаа проблем бидејќи мораа кај нас да гоприкажат македонскиот пасош во кој ја нема потребната виза за патување во странската земја.

Отсега македонските државјани кои престојуваат подолго од три месеца надвор од Република Македонија, а се државјани и на земјата во која престојуваат, ќе добијат и картонче за пријавување престој надвор од Република Македонија подолг од три месеца.

„Пополнувањето на ова картонче по ниеден основ не претставува отпуст од македонското државјанство, како што подолг период се шпекулираше во јавноста, туку напротив, нивно олеснување, бидејќи лицата кои го имаат пополнето ова картонче ќе можат при излез од земјава да го употребат пасошот на другата држава. Исклучиво со пополнување и прикажување на ова картонче на граничниот премин ќе можат непречено да заминат од Република Македонија со странска патна исправа, а во спротивно за излез од земјава ќе мораат да поседуваат македонска патна исправа. “, информираше министерката за внатрешни работи Јанкулоска.

Картончето може да се побара на било кој граничен премин или во било која полициска станица на територијата на Република Македонија.

Лицата пак кои престојуваат во Република Македонија информации можат да добијат на интернет страницата на Министерството за внатрешни работи на која можат и по електронски пат да го пријават своето престојувалиште во Македонија. На сајтот странците ќе можат и по електронски пат да се пожалат на односот и работата на полицискиот службеник.

Брошури и плакати со сите овие информации се изготвени на македонски и на англиски јазик и ќе бидат дистрибуирани на сите гранични премини, во амбасадите во земјава, како и до македонските организации ширум светот.

Сето ова е со цел Владата да им го олесни престојот на сите оние кои имаат намера да ја посетат РМ, како и на сите граѓани на Република Македонија кои се или имаат намера да патуваат во странство.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1