Треба да си научник за да ја прочиташ сметката за струја и парно – поим немаме за што колку плаќаме


Дали компаниите за струја и парно намерно праќаат сметки кој треба да си научник или експерт за да можеш да протолкуваш колку трошиш?, што трошиш? и за што колку плаќаш?.

Освен тоа неретки се случаите граѓани кои ќе се заинатат да ги протолкуваат сметките да откријат дека или плаќаат паушално или за погрешна квадратура.

Сето ова го покажала анализата на ексертите направена заедно со организацијата на потрошувачи. Сепак иако поканети на трибината не се појави никој од  регулаторната комисија за енергетика за да им даде објаснување или одговор на прашањата.

Пример дали знаете зошто се наплатува ангажирана моќност од 33,33% на секоја сметка?? И што тоа значи воопшто.

Или како да успеете да штедите на парното кога Топлификација не наплатува според потрошеното – туку паушално. Плаќате огромни сметки а сепак дома ви е ладно зиме. А ве убедуваат дека се грее до 25 степени секој дом.

,, Сметките за топлинска енергија мора да се поедностават, да содржат податоци што потрошувачот ќе биде способен да ги провери. До денес тоа не постои, вели Сања Поповска Василевска од ОПМ. Решение за неразбирливите сметки бара и народниот правобранител.

На сметките за струја на пример на првата страна има име и презиме, адреса, број на сметката, месецот и годината за кој се однесува сметката, како и датумот за доспеаност за плаќање.

На задната има еден куп бројки кој само експертите ги разбираат.

Тоа се број на броило, претходна состојба во киловати, сегашна состојба во киловати, потрошени киловати за соодветниот месец, износ во денари, пресметана камата за претходниот период, вклучен ДДВ, комуналната такса наменета за општините, како и вкупен износ за плаќање.

Најдоле пак стои опомена за вкупниот долг, кој доколку не биде платен ќе ве исклучат.

За да се снајдете колку трошите ќе треба да поминете часови на интернет или да потрошите телефон за да можеби ви објаснат од компанијата како и колку трошите.

Ист е случајот и со сметките за парно. Освен сумата што треба да ја платите се друго е ,,шпанско село,, за обичните граѓани.

Неретко се случува да сте претплатиле но топлификација нема да ви каже. Нема да заборават да ви се јават на телефон ако должите, но нема да ви кажат ако сте платиле повеќе.

Единствено ако отидете во нивниот центар ( а тоа ретко кој го прави, сите плаќаат во банка) и ако побарате состојба на сметката може да ви кажат дека сте претплатиле и тогаш по ваше барање сметката ќе биде ревидирана.

Но ако не побарате и наредниот месец ќе ви дојде иста паушална сметка. Работава ако не побарате никому ништо – ќе си ги задржат парите.

Цената на струјата и на парното драстично се зголеми во изминатите години. Се поскапи од 3000 во 2008 до 4000 во 2012. Според анализите на сојузот на синдикати една третина од платата или околу 8.000 денари им одат на сметки за струја и парно, а присечната плата е 12 илјади денари.

Сепак прeд неколку недели повторно проструи информацијата дека ќе има ново поскапување. ЕВН и ЕЛЕМ покажале дека во првата половина на годинава имаат зголемени трошоци во работењето.

Синдикатот најави дека ќе учествува на седниците на Регулаторната комисија, каде ќе се носат одлуките за новите цени на парното, струјата и горивата, но нема да има право на одлучување.

Сметките за струја и парно честа тема и кај Народниот правобранител . Уранија Пироска вели дека дел од преставките се за енормно зголемените сметки, како и за начинот на мерење на потрошената топлинска енергија.

Граѓаните треба да внимаваат и со застарените долгови. Од канцеларијата на народниот правобранител велат дека и да ве тужи компанијата ако е тоа по истекот на законскиот рок од една година,  имате право за тоа да го извести судот кој ќе ја стопира тужбата и немате никаква обврска да ја платите истечената сметка.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1