Среда – Ден на жалост во Струмица


Прогласен ден на жалост во Струмица поради трагичната смрт на двајцата вработени во Македонски Шуми кои го загубија животот во пожарот кој вчера ја зафати Струмица.

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, утрешниот ден, среда, 25 јули, го прогласи за Ден на жалост.

“Сите сме во шок. Цела Струмица жали за двајцата браќа. Утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост на територијата на општина Струмица. Постојано сме во контакт со лекарите во Скопје. Детето кое беше однесено полека закрепнува, а се надеваме на позитивна информација за третиот повреден кој е во критична состојба. Никогаш да не се повтори оваа“ – изјави градоначалникот Зоран Заев, по веста за трагичната смрт на двајцата сограѓани.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1