Наркомани напаѓале и им ги кинеле златните ланчиња на минувачите во Аеродром


Двајца уживатели на опојни дроги 37 и 34 годишни скопјани вчера околу18,30 часот на паркинг просторот на булевар Јане Сандански ја ограбиле 57 годишната С.Х. прво ја нападнале, а потоа со кинење од вратот и е одземено златно ланче со што ја оштетиле за износ од 33.000 денари.

Крадците ги имале на пик постарите жени во населбата Аеродром. На паркинг просторот на бул. Јане Сандански ја забележале жената по што И.Д. ја пресретнал и веднаш со кинење  од вратот и го грабнал ланецот од жолто и бело злато и се дал во бегство. Оштетената почнала да го брка барајќи помош од случајните минувачи кои се затекнале на лице место и кои успеале да го престигнат и задржат И.Д. кој по брзото пристигнување на полицијата е приведен и задржан во подрачната станица. Вториот крадец успеал да ибега, но истата вечер е пронајден и приведен од страна Алфите.

На обајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, на службата и се познати како сторители на имотни деликти со насилство, тешки кражби на дрзок начин и разбојништво како и други кривични дела за што во повеќе наврати се кривично пријавувани и им се изрекувани и  затворски казни.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1