Видео: Егзоскелет кој дава натчовечка способност!


Целосен скелет за раце, нозе и торзо, со кој сопствената моќ на мускулите ќе ја зголемите и до 5 пати. Со ХАЛ 5 (Hybrid Assistive Limb) ќ можете да пренесувате работи и до пет пати потешки од она што претходно сте можеле да подигнете.

ХАЛ е егзоскелет кој работи со електрична енергија. Пронајдокот е се уште во развој, а го открија научниците од Универзитетот Цукуба во Јапонија. Целта поради која е направен овој скелет робот е да ги унапреди физичките способности на корисникот, особено на луѓето со физички инвалидитет.

Моментално постојат два прототипови на овој уред: ХАЛ 3, кој поседува поголем серво мотор и само една ножна функција, и ХАЛ 5, кој е целотелесен егзоскелет за раце, нозе и торзо, способен да му овозможи на корисникот да подига и пренесува работи кои се со пет пати поголема тежина од онаа која што инаку би можел да ја подигне.

Се шпекулираат дека ХАЛ би можел да се употребува и во борбени цели, за да се зголеми издржливоста, брзината и силата на војниците, посебно на ранетите.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1