Во Аргентина до плата преку лотарија – со извлекување


Локалните власти во еден аргентински град немаат доволно парични средства за да ги исплатат работниците во управата, па редоследот на исплатата на паричните месечни заработки ги утврдуваат преки извлекување на топчиња со бројќи идентично како на томбола.


Властите во аргентинскиот град, Бјалет Масе, користат лотарија како би го утврдиле редоследот на исплаќањето на платите на вработените во градската општина, изјавил градоначалникот Густаво Пуејо, наведувајќи дека до ваков потег се одлучиле поради немањето на доволно парични средства за да се исплатат сите плати одеднаш.

„Ги извлекуваме имињата преку лотарија“, објаснил Пуејо, дополнувајќи дека за ваквиот метод добил одобрување од локалните административни власти.
„Се извлекуваат имињата на 23 од вкупно 92 вработени во градската општина. Првото извлекување се случи во петок а второто е закажано за денеска“, прецизирал градоначалникот.

Бајлет Масе град со околу 5000 жители во провонцијата на Кордоба, се наоѓа на 750 километри северозападно од Буено Аирес и воглавно градчето живее и се развива од туризам. Пуејо објаснил дека градските фондови пресушиле поради драстично смалените средства, кои што го полнат буџетот на провинцијата.
Кордоба како и уште неколку други аргентински провинции, во моментов минува низ тежок период пред се поради глобалната економска криза.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1