30 дена притвор за 4 лица – меѓу кои и обезбедувањето на Бошковски


 

По вчерашниот распит во судот во врска со убиството на Марјан Тушевски во 2001 та, истражниот судија одреди 30 дневен притвор за четворица од уапсените девет лица во вчерашната акција.

Меѓу нив е и поранешниот шеф на обезбедување на Љубе Бошкоски, Зоран Трајковски. Пред судот исказ дал и Љубе Бошкоски. Се трага по уште 6-мина, меѓу кои 3 Срби, директни извршители на убиството.

Марјан Тушевски – Боксер (37) и Кире Јанев – Бамбус (23) беа убиен ноќта меѓу 10 и 11 јули  во 2001, пред кафулето “Панта реи” во близина на кафе барот “Витраж”, пред полноќ на платото меѓу зградите на улица Атинска во населбата Тафталиџе, како што тогаш објави полицијата од двајца професионални егзекутори.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1