
Синоќа околу 2 часот по полниќ непознато лице влегло во кафеаната „Ел-Екстра“ и почналo да го крши инвентарот во објектот.
Им се заканувал и на гостите, а во еден момент зел секира со која пределжил да ја демолира кафеаната и нападнал 23 годишно момче К.А. кое го удрил два пати во пределот на грбот.
Момчето е пренесено во Градската општа болница и откако му била укажана помош било пуштено на домашно лекување.
Од полициската станица Гази Баба ги преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот.