10 милиони долари за оној што ќе ја открие тајната на стареењето!


Трката за откривање на генетската тајна за долговечноста на 100 годишниците го доби првиот учесник, американската Корпорација „Лајф Технолоџис“, која ќе се натпреварува за дури 10 милиони долари кои ги доделува Фондацијата X.

Конкурентите имаат месец дена да ја откријат вистината и да го декодираат генот на 100 луѓе постари од 100 години, што значи ќе добијат 1.000 долари по ген.

За неодоливата награда може да се пријават и други компании до 31 мај 2013 година, а официјалното одбројување почнува на 5 септември истата година кога судијата назначен од фондацијата ќе им ги испорача епруветите со ДНК од 100 луѓе на сто годишна возраст на секој тим од учесниците.

Тие до 4 октомври ќе работат на секвенцирање на геномите, а победникот ќе биде одреден во зависност од прецизноста на завршената работа. Фондацијата X и претгодно ја имала распишано оваа награда во 2006 година но тогаш не се пријавил ниту еден заинтересиран учесник.

Научниците веруваат дека кај лицата кои дочекуваат длабока старост се случуваат одредени промени на гените кои ги штитат од болести.

 

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1