Џени Јанг е мајка на четири деца и сите страдаат од пореметување на однесувањето.
Нејзиниот живот, како што вели таа, бил комплициран, но станал ноќна мора, кога се родил најмладиот син Рајан (10), на кого лекарите му дијагностицирале најтешка форма на болеста.
– Да се биде мајка на дете со тешки пореметување на однесувањето е мачење, да е куче, веројатно би го успила, рекла Џени, кај која исто така е откриено слично нарушување на однесувањето, иако е во нејзините 40-ти години.
Таа вели дека синот во текот на денот удира, гребе и шутира. “Понекогаш кога го галам, од необјасливи причини се вознемирува и почнува да ме удира“, вели Џени.
Болеста од која пати малиот Рајан е честа, но толку тежок облик како овој има само кај мал процент на луѓе. “Не знам што ќе биде причина за насилно однесување”, се пожали неговата мајка.
“Не би можела без него, и го сакам многу, но понекогаш е тешко да се биде негова мајка”, рекла Џени.
“Родителите на децата со проблеми во однесувањето треба да имаат секојдневна поддршка”, додаде таа.