Мајка на болно дете: „Да беше син ми куче, ќе го успиев“ (ВИДЕО/ФОТО)


dzeni-jang-foto-youtube-1369225541-314163

Џени Јанг е мајка на четири деца и сите страдаат од пореметување на однесувањето.

Нејзиниот живот, како што вели таа, бил комплициран, но станал ноќна мора, кога се родил најмладиот син Рајан (10), на кого лекарите му дијагностицирале најтешка форма на болеста.

– Да се биде мајка на дете со тешки пореметување на однесувањето е мачење, да е куче, веројатно би го успила, рекла Џени, кај која исто така е откриено слично нарушување на однесувањето, иако е во нејзините 40-ти години.

rajanТаа вели дека синот во текот на денот удира, гребе и шутира. “Понекогаш кога го галам, од необјасливи причини се вознемирува и почнува да ме удира“, вели Џени.

Болеста од која пати малиот Рајан е честа, но толку тежок облик како овој има само кај мал процент на луѓе. “Не знам што ќе биде причина за насилно однесување”, се пожали неговата мајка.

“Не би можела без него, и го сакам многу, но понекогаш е тешко да се биде негова мајка”, рекла Џени.

“Родителите на децата со проблеми во однесувањето треба да имаат секојдневна поддршка”, додаде таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1