Блогот за „Гикови“ Geek Alerts неодамна понуди енергетски пијалок со интригантно име „Cannabis Energy Drink“, со уверување дека со овој пијалок „сигурно ќе полетате високо било од витаминот Б или од екстрактот на семето од коноп“. Секако станува збор за маркетингшки трик.
Иако овој пијалок во себе содржи 0.02 милиграми на литар THC, сепак количината е премногу мала за да има влијание слично како при пушење џоинт. За таков ефект потребно е да испиете огромни количини од овој пијалок од кои би ви пукнало срцето од кофеин, таурин и нијацин кои се вообичаени состојки на класичниот енергетски пијалок.









