Според пресудата, двете малолетнички, чии години не се точно објавени, должни се да исплатат вкупно 65.000 евра отштета, односно еднаков дел на секој од 38-те оштетени. Како што е соопштено во пресудата, „дел од таа сума треба да платат родителите“ на осудените девојчиња.
Помеѓу 16 и 19 декеври минатата година двете девојки на споменатиот сајт објавиле низа фотографии од гетеборшките ученици, проследени со навредливи коментари од сексуална природа.
После истрагата, која потрајала неколку месеци, утврдено е дека авторките на навредливите коментари се двете средношколки кои, според податоците на новинската агенција ТТ, имаат 15 и 16 години.
Само една од осудените девојки ја признала вината.
Tocka,mk