Во попладневните и вечерните часови времето ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи.
На места ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 л/м2), силни електрични празнења, силен ветер (над 70км/ч) и изолирана појава на град, особено во источните и југоисточните подрачја на земјава.
Во почетокот на наредната недела ќе настапи стабилизација на времето со пораст на температурата на воздухот.