На море во Хрватска не носете сендвичи со сирења и шункa – еве што не смеете да внесете


По влегувањето на Хрватска во ЕУ, повеќе ништо нема да биде исто на граничните премини, па на граѓаните, посебно на оние кои патуваат на море им се препорачува да имаат трпение, пренесува Вечерни лист.

250656_107582graniocaf_fГраѓаните мора да имаат биометриски пасоши – задолжително да заборават на сендвичи со шунка и сирење, млеко или паштети, затоа што, поради строгата процедура, можат да бидат задржани на царина. Теоретски, како што пишуваат хрватските медиуми, за носење на такви производи, потребен би ви бил посебен сертификат.

Преку граничните премини на земјите во ЕУ, може да се внесе разумна количина на храна, која се однесува за личната употреба на патникот и неговите сопатници- леб, колачи, чоколади, додатоци за храна, тестенини, зачини и супи, како и други прехранбени производи кои не содржат свежо или преработено месо и производи од млеко или риба.

Значи, месо и месни преработки, а истото се однесува и на млекото, како и на производи од животинско потекло не можат во ЕУ.

Домашните миленичиња можат да се пренесуваат преку граница, само со потврда од лекар, односно со пасош за животни.

Граѓаните можат во возило да пренесат и облека, хигиенски препарати, личен накит, фотоапарати и камери, лап-топ компјутери и други мобилни електрични уреди, спортска опрема, предмети за рекреација.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1