Четириесет и четири годишниот М.А. од Велес утринава им подлегнал на повредите кои ги здоби откако пред два дена скокна од воз во Велес, дознава Курир. Велешанецот починал во Клиничкиот центар во Скопје, каде беше хоспитализиран по несреќата.
Оваа информација за Курир ја потврдија и од полицијата од каде велат дека биле информирани за смртта на велешанецот.
М.А. пред два дена со 21-годишниот К.М. на железничката станица во Велес се качиле во воз мислејќи дека ќе одат за Гевгелија.
Откако увиделе дека возот всушност сообраќа на релација Гевгелија-Скопје, скокнале од истиот кој бил во движење.
Со повреди од велешката болница, двајцата беа пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Kurir