Новородено девојченце почина во државната болница во Панџаб, на северот на Индија откако лекарите ја извадиле од инкубатор затоа што родителите немале 200 рупји – односно 3 евра да платат за да остане во инкубаторот.
Во официјалното соопштение од болницата се потврдува дека бебето е родено предвремено на 20 јули и дека бил неопходен инкубатор за да преживее. Тие 2 дена го држеле бебето во инкубатор, но потоа од таткото Санџива Кумара побарале да плати 2 евра зошто имале трошоци за електрична енергија поради работата на инкубаторот.
Таткото кој е незапослен молер немал пари да плати, се обидел да најде да позајми, но не нашол.
,, сите во моето опкружување се сиромашни – се обидов да најдам но немаше од каде. Барав и по луѓе на улица но никој не ми даде,, раскажувал низ солзи таткото.
Во болницата му дале рок. Кога се појавил таткото и рекол дека не успеал да најде пари тие веднаш го извадиле девојчето од инкубаторот и го однеле кај мајката – починало 2 часа подоцна иако мајката се обидувала цело време да му го масира срценцето и го молела да издржи и да преживее.
Болницата се нема огласено за причините зошто го извадила бебето од инкубаторот иако и самите потврдиле дека без него бебето ќе умре. Ова е рамно на убиство – свесно ми го убија бебето – изјавил таткото на несеќното девојче.