Индија: Бебе почина бидејќи родителите немале пари за инкубатор


Новородено девојченце почина во државната болница во Панџаб, на северот на Индија откако лекарите ја извадиле од инкубатор затоа што родителите немале 200 рупји – односно 3 евра да платат за да остане во инкубаторот.

Во официјалното соопштение од болницата се потврдува дека бебето е родено предвремено на 20 јули и дека бил неопходен инкубатор за да преживее.  Тие 2 дена го држеле бебето во инкубатор, но потоа од таткото Санџива Кумара побарале да плати 2 евра зошто имале трошоци за електрична енергија поради работата на инкубаторот.

Таткото кој е незапослен молер немал пари да плати, се обидел да најде да позајми, но не нашол.

,, сите во моето опкружување се сиромашни – се обидов да најдам но немаше од каде. Барав и по луѓе на улица но никој не ми даде,, раскажувал низ солзи таткото.

Во болницата му дале рок. Кога се појавил таткото и рекол дека не успеал да најде пари тие веднаш го извадиле девојчето од инкубаторот и го однеле кај мајката – починало 2 часа подоцна иако мајката се обидувала цело време да му го масира срценцето и го молела да издржи и да преживее.

Болницата се нема огласено за причините зошто го извадила бебето од инкубаторот иако и самите потврдиле дека без него бебето ќе умре. Ова е рамно на убиство – свесно ми го убија бебето – изјавил таткото на несеќното девојче.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1