Клонирани коњи ќе се натпреваруваат на Олимпијадата во Лондон


Додека лековите за подобрување на перформансите и техниките кај спортистите се забранети, вратите за натпреварување на оломписките игри се отворени за генетски модифицирани коњи.

Во изненадувачките но не и шокантни движења на настаните, Меѓународниот коњски совет одлучи да ја укине забраната која претходно била донесена за клонираните коњи.

Според списанијата посветени на коњите на неодамна одржаниот спортски форум било изјавено дека меѓународниот коњски совет нема да забрани учество на клонови или нивни потомци на овие натпревари. Меѓународниот коњски совет ќе продолжи да ги набљудува понатамошните истражувања особено оние кои се однесуваат на благосостојбата на коњите.

Уште од 2007 година мислењето на овој совет било сосема спротивно.

– Конкурентниот пар коњ-јавач се сметаат како спортисти. Клонирањето на едниот или другиот во однос на натпреварување од меѓународни размери за коњскиот совет би било неприфатливо.

Тие се противеле на клонирање бидејќи тоа се коси со зацртаните цели на советот: Учесниците да се натпреваруваат под еднакви услови.

Ова соопштение стигна од Олимпијада 2012 година.

Се шират гласови и пофалби дека ова се „најсофистицирани анти-допинг операции во историјата на игрите“.

Според CNN за прв пат во историјата на Олимпијадата приватните компании ќе градат објекти-лаборатории и притоа ќе потрошат неверојатни 30 милиони долари како помош при тестирање на примероците од олимписките учесници со цел откривање илегални подобрувачи на перформансите. Тоа ќе го овозможи фармацевтскиот гигант „GlaxoSmithKline“. Според нив објектите ќе им овозможат „на кралските стручњаци (од сите школи во Лондон) независно да управуваат со акредитирани лаборатории на Светски анти-допинг агенции во текот на игрите“.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1