Станува збор за меланотан, супстанца која е откриена во осумдесетите години во САД и тоа за потребите на медицината, пренесуваат светските агенции.
Нејзината примена денеска е забранета во поголемиот дел од Европа и во Канада бидејќи како лек се уште не е добро испитана.
Сепак, супстанцата се почесто го наоѓа патот до младите, најчесто оние опседнатите со сопствениот изглед, а кои не се свесни за потенцијалните последици како што се влијанието на имунолошкиот систем и успорување на срцевата работа.
Меланотанот се вбризгува под кожа што допринесува до уште поголем ризик за здравјето од потенцијални заболувања, зарази и инфекции кои може да се случат при користење на инјекциите.
Дрогата е многу популарна во Стокхолм каде може да се најде и кај дилерите во ноќните клубови.