Нова ,,Барби,, дрога за слабеење и сексуална желба


На црниот пазар по ботоксот и пластичната хирургија се појави и нов производ популарно наречен ,,барби дрогa,, овaсупстанца се вбризгува под кожата и помага во слабеење, потемнување на кожата и зголемување на сексуалната желба.

Станува збор за Мелнотан – супстанца која е откриена во седумдесетите години во САД и тоа за медицински цели.

Нејзината примена е забранета во Европа и Канада поради нус појавите кои ги дава и недоволните медицински испитувања.

Но некако овие инекции се повеќе го наоѓаат патот до младите кои ја користат барби дрогата за полесно да изгубат килограми без да се притоа свесни каков е ризикот за имунолошкиот систем. Оваа дрога освен што го напаѓа имунитетот, го успорува и кардиоваскуларниот систем

Барби дрогата е многу популарна во Стокхолм. Полицијата ја пронашла кај многу уапсени дилери кои оперирале околу ноќните клубови, кафулињата и дискотеките.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1