Нова дрога на пазарот – „Барби дрога“ за слабеење, темен тен и сексуална желба


На илегалниот пазар, по ботоксот и пластичната хирургија, се појави новиот производ популарно наречен „Барби дрога“, кој помага при затемнување на тенот, слабеењето и ја зголемува сексуалната желба.

 Станува збор за меланотан, супстанца која е откриена во осумдесетите години во САД и тоа за потребите на медицината, пренесуваат светските агенции.

Нејзината примена денеска е забранета во поголемиот дел од Европа и во Канада бидејќи како лек се уште не е добро испитана.

Сепак, супстанцата се почесто го наоѓа патот до младите, најчесто оние опседнатите со сопствениот изглед, а кои не се свесни за потенцијалните последици како што се влијанието на имунолошкиот систем и успорување на срцевата работа.

Меланотанот се вбризгува под кожа што допринесува до уште поголем ризик за здравјето од потенцијални заболувања, зарази и инфекции кои може да се случат при користење на инјекциите.

 Дрогата е многу популарна во Стокхолм каде може да се најде и кај дилерите во ноќните клубови.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1