Веќе е познато дека кај жените кои раѓаат помлади постои помала шанса до дојде до компликации во текот на бременоста и породувањето. Сепак, најновата студија утврди дека раѓањето во подоцнежните години нуди поголема сигурност и ја штити матката.
Истражувачите откриле дека кај жените кои раѓаат деца на 40 години, постои 44 отсто помал ризик да добијат рак на матката од оние кои донеле дете на свет на 25 години.
Туморот на матката како и Ендометријата се едни од најчестите облици на рак на матката кај жената, а обично заболуваат повозрасните, помеѓу 50-та и 60-та година од животот, покажуваат истражувањата спроведени во САД и Велика Британија
Тимот на истражувачи од Универзитетот во Јужна Каролина, откри дека ризикот почнува да се намалува по 30-та година и опаѓа за 13 отсто на секои пет години.
Споредено со жените кои последното дете го родиле пред 25-та година, оние на кои последната рожба им е помеѓу 30-та и 34-та година, го намалуваат ризикот од рак на матката за 17 проценти.
Творецот на оваа студија, др. Вероника Сетиаван, изјавила дека породувањето во подоцна доба е фактор за заштита од ракот Ендометрија, било да станува збор за тип 1 кој е поврзан со количеството на естроген, или пак тип 2, кој се појавува независно од хормоните.
Ова е најголема студија од ваков тип направена до сега, и во нејзин склоп се прегледани податоци од 17 други истражувања. Во студијата се опфатени вкупно 8.671 случаи на рак на матката.
Сепак, Сетиаван изјавила дека треба да истражи уште неколку потенцијални механизми. Таа смета дека треба да се земат в предвид и жените кои остануваат бремени на позрели години со здрава матка иако имаат нередовни циклуси и немаат овулација. Исто така, Сетиаван додава дека треба да се разгледа и можноста на изложеност на хормонот прогестерон во текот на бременоста, што може да биде многу корисен во подоцнежните години на секоја жена.