Тешка сообраќајна несреќа во Струмицасиноќа во 19:30 часот. Несреќата се случи на регионалниот пат робовска раскрсница – с.Банско, каде едно лице го загуби животот, еден е тешко повреден, а еден сопатник поминал со полесни повреди.
Возачот К.П.(57) изгубил контрола над автомобилот, „Хјундаи Акцент“, по што брзо излетал надвор од коловозот, на десната страна од патот. 35-годишниот полицаец Ердинчо Д од с.Банско, починал на лице место. Во колата бил и М.А.(40) од Радовиш, кој поминал со полесни повреди. Возачот на автомобилот прво бил однесен во општата болница во Струмица, а потоа е префрлен во Скопје на понатамошно лекување.
Кога роднините на Ердинчо чуле за сообраќајката веднаш со возило од Пехчево тргнале кон Банско. Камионот со кој биле, најверојатно поради преголемата брзина со која се движеле за да стасаат брзо до нивниот роднина, излетал од патот и паднал во провалија. На место загинале 42 годишниот Мазлн и 70 годишниот Кезин Демиров од Пехчево. Во камионот била и 35 годишна жена, пренесена е во Ургентниот центар во Скопје.