Новинарот на „Нова Македонија “ Томислав Кежаровски е осуден на затворска казна во траење од 4 ипол години .
Најголема затворска казна од осумте обвинети доби поранешниот истражен судија Валентин Зафиров во траење од 5 ипол години. Обвинителот Ивица Ефремов за три кривични дела е осуден како и новинарот Кежаровски на затворска казна во траење од 4 ипол години. Судијата Иле Танев на два ипол години.
Сабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе биде во затвор една година, Јане Павловски доби 1,6 години затвор, а поранешниот судија во велешкиот суд Сашко Лазаров е осуден на затворска казна во траење од една година.