Грабнале 22 год девојка и ја однеле на Водно – ја спасила полицијата


Лицата С.П и И.Р на возраст од триесетина години, вчера ја грабнале 22 годишната С.Р од централната градската автобуска станица во Скопје

500stolbcinja-Vodnjanska

Две машки лица лажно и се претставиле дека не се од Скопје, па млада скопјанка прифатила да ги прошета низ градот, но тие ја однеле накај Водно, пренесува Нетпрес.

Според информациите од портпаролот на скопската полиција, Лиза Бендевска, вчера околу 17 часот 30-годишните И.К. и С.П. на меѓуградската автобуска станица ја пресретнале 22-годишната С.Р. од Скопје.

Тие и кажале дека не се од градот, па ја запрашале дали ќе сака да ги прошета и да им каже кои се популарни места каде излегуваат младите. С.Р. прифатила и сите тројца влегле во автомобил и по нејзин предлог, тргнале накај градскиот парк.

Но, наместо накај паркот, возачот се упатил накај Водно. Во еден миг, кога автомобилот застанал, С.Р. успеала да избега и да повика полиција.

Полицајците веднаш реагирале и ги привеле И.К. и С.П. двајцата од Скопје. Со нив е разговарано и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1