Принцот Хари, Џесика Симпсон, сестрите Олсен се во таборот на поддржувачи на најновиот западен тренд Cleansing reduction.
Германскиот часопис Stylebook го истражуваше овој тренд и правилата кои ги налага, и откри дека неговите поборници се тушираат само еднаш неделно.
Дерматолозите немаат ништо против – велат дека со секојдневното туширање и бањање се тенчи заштитниот слој на кожата и сe пореметува природната флора на кожата.
Поддржувачите на новиот тренд сметаат дека бањање еднаш неделно е сосема доволно, впрочем како што било вообичаено пред неколку децении. Секојдневното туширање, според нив, е мода воведена во последните неколку години, која треба да се напушти!