Неможноста да најдат работа соодветна на нивното образование, ги приморува младите високобразовани кадри од местата како Дебар и Центар Жупа, да заминат во странство каде што го гледаат својот просперитет и иднина, пренесува Радио слободна Европа.
Над 250 невработени лица, чекаат на работа веќе подолг период, а некои од нив се без основна егзистенција повеќе и од десет години. Таков е примерот со Хари Илсамовски, кои што живее во Центар Жупа – Има факултет, но нема работа веќе десетина години.
,,Имам дипломирано на Институтот за одбрана и мировни студии при Филозофскиот факултет на универзитетот ,, Свети Кирил и Методиј ,, во Скопје според НАТО стандардите, nо во секторите на Министерството за одбрана во Дебар се вработени етноилози, педагози, социолози по партиска линија, а јас кој сум завршил факултет за тоа, за мене нема“, вели Исламовски.
Хари (30) како и многумина негови врсници, единственото решение го бара во заминување во странство, со цел да обезбеди егзистенција за неговото семејство. Жали за тешкотиите со кои што се справувале неговите родители за да го финансираат неговото школување.
„Планирам да ја напуштам државава бидејќи не можам да обезбедам никаква егзистенција, бидејки се вработуваат само партиски лица. Бев во Италија три пати за да барам работа и планирам таму да заминам. Таму имам многу мои роднини и пријатели. Но таму има и многу други кои завршиле факултети и работаат во Италија. Само од мојата генерација во Центар Жупа завршивме десет лица факултети од кои седум се на работа во Италија. Нема друг излез“, вели Хари за Радио Слободна Европа.
последите податоци направени од невладени здруженија говорат дека над 100 високошколски кадри од Жупа, Дебар и Река во моментов работат како градежни работници во Италија.