Ако јас не сум оној кој може да го реши овој проблем со името, можам да бидам оној кој може да влијае да се влоши проблемот, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ во емисијата „Патот кон…” на Алсат-М телевизија.
Тој вели дека ќе се бори се додека не се реши спорот и не се отворат вратите на ЕУ и НАТО.
„До крајот на декември ќе бидат видливи првите резултати од мојата дипломатска офанзива. Се е направено да се најде решение, компромис. Прво мора да се подготви македонската јавност. Во спротивно земјата ќе оди во изолација, а тогаш меѓународната заедница ќе биде првата што ќе преземе мерки, односно ќе спречи секакви кредити и други средства. Ако нема решение, Албанците ќе одат со албански пасош, како Македонците со бугарски пасоши“, изјави Ахмети.