Германците не сакаат да летуваат во Грција


Германците не сакаат да летуваат во Грција, а главна причина е тоа што истражувањата покажуваат дека тие и не се добредојдени таму.

Кризата во пореметените односи меѓу земјите, германските политичари се обидуваат да ја надминат со летување во Грција. Но наспроти нивните обиди, граѓаните на Германија ја избегуваат и одат на одмор во Италија, Шпанија, Турција  или Хрватска.

Инаку,  со години на Германците омилена дестинација им беа грчките острови и плажи.

Минатата година, за време на годишните одмори, Грција ја посетиле над 2,5 милиони германски туристи, а оваа година посетеноста е помала за 50 отсто.

Поради строгите мерки за штедење, германската канцеларка Ангела Меркел е меѓу најомразените политичари во Европа, а најмалку ја сакаат во Грција, земјата која се бори со огромни долгови.

Дека еден од главните фактори за недоаѓањето на Германците кај нашиот јужен сосед е политичката нестабилност, покажува  и фактот што 10 дена по изборите во Грција, кога сеуште не се знаеше победникот, дури 10 илјади Германци ги откажале аранжманите за летување во оваа земја.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1