Ај оставете ги нашите олимпијци на мира – каде бевте да мрчите пред да заминат?


Каде бевме ние новинарите да вака остро ,,мрчиме,, пред да заминат нашите спортисти – да бараме – остро – да им се дадат повеќе пари, да им се обезбедат услови за тренинг.

Со дрва и камења се удира по нашите МАКЕДОНСКИ млади олимпијци овие денови.

Наслови како ,, добро е што не се удави,, ,,стигна последна барем добро да стасаат дома,, и слично деновиве ,,експерти,, за спорт кои во животот не истрчале повеќе од 100 метри или влегле во вода само во плиткото, остро ги критикуваат нашите олимпијци.

Каде бевме ние новинарите да вака остро ,,мрчиме,, пред да заминат нашите спортисти – да бараме остро да им се дадат повеќе пари, да им се обезбедат услови за тренинг.

ЗАМИНАА КАКО СИРАЧИЊА – МОЛЕА

До последен момент нашите олимпијци како питачи молеа нашите бизнисмени, кои сега се ситат и коментираат дека сме потфрлиле, да им дадат пари за витамини, за пат, за подостојно преставување на нашата земја.

Сега сите имаме уста да зборуваме, а никој не праша како се подготвуваа овие деца???

Беа подложни на стресови, недостаток на пари, на опрема, на достојно место за вежбање. И добро е што воопшто настапија и го носеа македонското знаме на олимпијадата. Ќе беше убаво да не израдуваат, но сепак и сега не заслужија вака да ги бламираме.

Колку за пример – на кинеска спортистка 3 години не и кажувале дека починале нејзините баба и дедо – за да не ја деконцентрираат од подготовките за ОИ?????? Светот ги чува спортистите како капка роса – и кога победуваат и кога губат. А ние по она балканското – најголемите мрчатори и експерти се оние кои во животот спорт гледале само на телевизија. БРУКА !!!!!!!!!!

До сите мрчатори –

Пред да навредувате, погледенете се во огледало и запрашајте се што вие сте постигнале за Македонија???? 

Ќе ви биде ли пријатно некој вас да ве ремети така јавно?? Вашите пишувања ги читаат спортистите, нивните семејства, цела Македонија.

Порака до спортистите –

ДЕЧКИ ГОРДО ГЛАВА ГОРЕ  – ГО НОСЕВТЕ МАКЕДОНСКИОТ ДРЕС НА ОЛИМПИЈАДА !!!!

p.s Ова се однесува на вулгарните наслови кои се навредувачки за нашите спортисти. Лошите резултати се факт, но тој факт не дава за право да се навредуваат спортистите на најдолно ниво – секоја чест за колегите спортски новинари кои си ја вршат работата ревносно и известуваат за успесите и неуспесите на нашите спортисти.  Такви колеги ги има многу.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1