Број на оправдани и неоправдани, вкупно заведени часови и добиени оценки од изминатата недела, Вака изгледа СМС пораката која ја добиваат родителите на основците и средношколците, јавува Сител.
Од понеделникот почна праќањето на смс пораките . Само за три дена беа испратени над 143 илјади известувања преку порака на мобилен и на имеил адреса. Родителите кои немаат оставено телефонски број или електронска адреса а сакаат да бидат известувани , треба да се пријават кај класниот раководител на детето.
Родителите имаат можност и да изберат на кој јазик сакаат да им биде испратена училишната смс порака. Меѓу дадените опции засега се македонскиот , албанскиот и турскиот јазик. На овој начин родителите ќе бидат навремено информирани дали нивните деца учат и дали се внимателни и редовни на часовите. Проектот Е – Дневник и понатаму ќе се усовршува. Ќе биде отворена и имеил адреса на која родителите ќе можат да пријават доколку забележат било какви недостатоци во врска со училишниот извештај.