Нема веќе бегање од часови: 143.000 родители добиле СМС за нивните деца од училиштето


Број на оправдани и неоправдани, вкупно заведени часови и добиени оценки од изминатата недела, Вака изгледа СМС пораката која ја добиваат родителите на основците и средношколците, јавува Сител.

ocenki smsОд понеделникот почна праќањето на смс пораките . Само за три дена беа испратени над 143 илјади известувања преку порака на мобилен и на имеил адреса. Родителите кои немаат оставено телефонски број или електронска адреса а сакаат да бидат известувани , треба да се пријават кај класниот раководител на детето.

Родителите имаат можност и да изберат на кој јазик сакаат да им биде испратена  училишната смс порака. Меѓу дадените опции засега се македонскиот , албанскиот и турскиот јазик. На овој начин родителите ќе  бидат навремено информирани дали нивните деца учат и дали се внимателни и редовни на часовите.  Проектот Е – Дневник и понатаму ќе се усовршува. Ќе биде отворена и имеил адреса на која родителите ќе можат да пријават доколку забележат било какви  недостатоци во врска со училишниот извештај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1