8 деца биле претепани од група насилници кои со безбол палки влегле во автобусот број 65 – како што пренесува Република претепани се средношколци од Булачани, Раштак и Стајковци, а меѓу нив има и едно повредено девојче.
Инцидентот се случил вечерва околу 19 часот – 8 маскирани лица со автомобил му го пресекле патот на автобусот и го принудиле да застане. по што со безбол палки влегле и удирале по секој кој бил во автобусот.
Во моментот во скопската населба жителите на Стајковци протестираат и го блокираа патот.