Мистеријата за египетската статуа во музејот во Манчестер, која навидум се врти околу својата оска долго ги замислува раководителите на музејот и посетителите, можеби доби свое научно објаснување, пренесува „Индипендент”.
Статуата висока околу 25 сантиметри која претставува човек по име Неб Шан може да се види во видеото како без надворешно влијание полека ротира.
Египтологот од музејот на Манчестер Кембел Прајс изјавил дека можеби се работи за „проклетство.”
Фигурата, која е пронајдена во гробницата со мумија стара околу 4.000 години, била заклучена во витрина, а само Прајс имал клуч.
Решение за мистеријата понудиле многу експерти и ентузијасти кои како виновник за поместувањето го навеле магнетното поле и духовите.
Еден од најверојатните одговори дал професорот по физика Брајан Кокс, кој изјавил дека станува збор за вибрации.
Неговото објаснување донекаде го потврди инженерот Стив Гослинг кој утврдил дека оваа статуа всушност се движи под дејство на слаби вибрации и треперења предизвикани од сообраќајот и движењето на посетителите во музејот.
„Вибрацијата е комбинација од повеќе извори како што се автобусите кои минуваат низ улиците и човековите чекори. Статуата има конвексна база. На нејзиното дно се наоѓа полицата, што е повеќе подложна на вибрации за разлика од другите статуи кои имаат рамна основа”, објаснил Гослинг.