Откриена „клетвата“ на мистериозната статуа која се врти (Видео)


statua1

Мистеријата за египетската статуа во музејот во Манчестер, која навидум се врти околу својата оска долго ги замислува раководителите на музејот и посетителите, можеби доби свое научно објаснување, пренесува „Индипендент”.

Статуата висока околу 25 сантиметри која претставува човек по име Неб Шан може да се види во видеото како без надворешно влијание полека ротира.

Египтологот од музејот на Манчестер Кембел Прајс изјавил дека можеби се работи за „проклетство.”

statua

Фигурата, која е пронајдена во гробницата со мумија стара околу 4.000 години, била заклучена во витрина, а само Прајс имал клуч.

Решение за мистеријата понудиле многу експерти и ентузијасти кои како виновник за поместувањето го навеле магнетното поле и духовите.

Еден од најверојатните одговори дал професорот по физика Брајан Кокс, кој изјавил дека станува збор за вибрации.

statua2Неговото објаснување донекаде го потврди инженерот Стив Гослинг кој утврдил дека оваа статуа всушност се движи под дејство на слаби вибрации и треперења предизвикани од сообраќајот и движењето на посетителите во музејот.

„Вибрацијата е комбинација од повеќе извори како што се автобусите кои минуваат низ улиците и човековите чекори. Статуата има конвексна база. На нејзиното дно се наоѓа полицата, што е повеќе подложна на вибрации за разлика од другите статуи кои имаат рамна основа”, објаснил Гослинг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1