Пукнала цевка и се поплавиле повеќе станови од приземјето во зградите на улицата, а заробени се неколку автомобили бидејќи нивото на водата на улицата беше повисоко и од тротоарите.
Дописникот на МИА од Охрид јавува дека од силнита на излеаната вода на местото на дефектот е направен длабок кратер на улицата АСНОМ која во тој дел е поплавен од кал.
Екипи на Градскиот Водовод на терен се обидуваат да го санираат дефектот, а поради опасност од пожари исклучено е напојувањето со електрична енергија во населбата.
Жителите на поплавените објекти стравуваат дека водата може да ги поткопа темелите на нивните домови.
Како што може да се види од видеото на порталот Охрид 1, како да се прелила река или да истекло езерото низ улицата АСНОМ во Охрид.
Foto/Video – Ohrid1