Жена во црно, бебешки плач – привиденија на патот каде загинаа Тоше и Долорес


На кобниот автопат кај Нова Градишка на возачите често им се привидува жена облечена во црно, слушаат детски плач, радиото одеднаш се гаси и невидлива сила управува со автомобилот.

tosenesrecaВо Хрватска има многу сведочења за појава на духови. Во својата серија за паранормални појави во Хрватска, сајтот 24sata.hr пренесува морниави приказни и за автопатот кај Нова Градишка, каде загинаа Тоше и популарната хрватска актерка Долорес.

Мирна летна ноќ. Сообраќајот на автопатот е редок. Одвреме навреме минува по некој автомобил. Трочлено семејство патува од Винковац патуваат кон Бања Лука.

– Се сеќавам како да беше денес. Околу 23 часот татко ми одеднаш закочи. Застана шкрипејќи со гумите. Пред нас на патот имаше перница. Од него се слушаше плач, како да имаше бебе, вели жената која тогаш во 1978 година имала 8 години.

doloresnesrecaТатко ми го изгасна моторот на автомобилот, но ги остави вклучени фаровите. Излезе од автомобилот и полека чекореше кон перницата. Се наведна да ја подигне, но перницата едноставно исчезна.

– Татко ми се врати во автомобилот. Во тишина продолживме со патувањето. Дури по неколку километри, татко ми ни рече дека за ова не треба на никого да кажуваме, – раскажува жената која неколку пати на тоа место на автопатот кај Нова Градишка чула детски плач.

Возачите често се жалат дека на тоа место им се случуваат чудни работи како гасење на радиото, чувство на парализа, губење концентрација и чувство како некоја виша сила го влече автомобилот во друга насока.

Има сведоштва и за жена во црно како стои крај патот и исчезнува во ретровизорот.

Во записниците на полицијата за несреќите на тоа место, возачите на судските вештаци им изјавувале дека незнаат како дошло до сообраќајката.

DuhBogotaЕдна жена рекла дека едноставно во дел од секунда како да немала контрола и се превртела, а не знае како изгубила контрола над возилото. По деталниот преглед на автомобилот, автомеханичарот утврдил дека отпаднал ваљакот на уредот за управување. За тој ваљак да испадне, потребно е по него да се удри со тежок чекан, рекле вештаците.

Возач на камионот раскажал дека возејќи, на сред улица здогледал како стојат луѓе. Застанал, излегол од камионот, но улицата била празна.

– Не бев уморен. Возев само околу 100 километри. Но тоа не ми се случува прв пат. Ми се повтори истото уште еднаш.

Друг возач рекол дека на тој дел од патот неколкупати му се присторувало како да вози во погрешен правец. Нагло кочел во паника и неколкупати за влакно избегнал да предизвика несреќа поради наглото кочење.

Под патот има силни магнетни полиња и подземни води?

duhovi-foto6Иако официјално не е потврдено, поголемиот број експерти (полицијата, геодети, проектанти, вештаци на сообраќајни несреќи) веруваат дека таму има јаки магнетни полиња. Поголемиот број луѓе кои на тој автопат доживеале сообраќајна несреќа велат дека одеднаш ги обземала некаква парализа, како да биле водени од некоја сила која неможат да ја објаснат.

Некои веруваат дека под патот има подземни води поради кои автомобилот се движи дијагонално – го влече да излета од патот.

Се одмаздува бидејќи ја прогласиле за вештерка

Интересна е приказната за двајцата патници кои се возеле кон Загреб. На делот кај Нова Градишка, во глуво доба на ноќта, на дел на кој нема ни куќи, ниту дрвја, забележале жена облечена во црно. Кога и се доближиле оваа силуета почнала да зачекорува на автопатот. Застанале, излегле од автомобилот, но таа веќе не била таму.

Жената која оди по автопат се смета дека е вдовица која вечно била во црнина. Според легендата, со разни треви успеала да надживее неколку генерации на нејзини соседи.

Автопатот Загреб – Белград е граден преку гробишта

Не е само делот кај Нова Градишка. Според мештаните автопатот Белград Загреб, во делот кај селото Дивошевац, крај Славонски Брод се сеќаваат дека автопатот само преминалпреку локалните гробишта. Патот бил отворен 1950 година.

 grobistaНа градителите не им било важно дали оваа улица ќе поминува преку гробиштата, едноставно преминаа преку гробовите.

– многу надгробни крстови и споменици во текот на правењето на автопатот се фрлени на улица и било асфалтирано преку нив. Младите кои го градеа автопатот се подбиваа со мртвите, не ги почитуваа покојните. Тоа не го правеа сите, само оние кои не го почитуваа Бог. Овде сум на служба 30 години и забележани се многу несреќи на тој дел кој е долг околу 6 километри. Загина и еден брачен пар зад кој останаа три деца – вели свештеникот Марко Гачариќ.

Неговата приказна ја потврдуваат и мештаните

– Да, го правеа тоа со крстовите и гробовите кога се градеше автопатот, а ние селаните долго време не ни смеевме да отидеме на гробишта. Нашето семејство имаше 15 гробови, нашите не ги осквернавија, но знаеме дека гробови на наши соседи беа осквернавени, – сведоч Ката Петричевич која сега има 85 години, а тоа го потврди и нејзиниот син Мартин.

dolores-soob3

Само од околните села на тоа место има загинато над 10 луѓе, оние кои преживеаа несреќи на тој дел се колнат дека не виделе автомобил пред нив, а удриле во него, не виделе човек,  а го прегазиле, вели Мартин.

Видел бел дим од кај тркалата

Језиво е сведоштвото на пензионираниот возач на цистерна од Славонски Брод, Драго Перковиќ.

– Често  возев од Рафинеријата за нафта во Босански Брод до Белград, неретко навечер.  Токму во таа област една ноќ околу 2 часот на педесетина метри пред мене се појави жена која буткаше детска количка преку автопат. Силно притиснав на кочницата, во ретровизорот видов бел дим од кај тркалата. Застанав и излегов од камионот. На улицата немаше никој. Се вратив назад се дод елот каде почнуваа трагите на кочење, гледав и крај патот, во ендеците, секаде гледав – немаше ништо. Се вратив во камионот и продолжив со патувањето. После тоа неможев да спијам со ноќи, – вели Перковиќ.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1